Top Sport

Конор: Го читам Серон како книга за деца (видео)

Конор Мекгрегор беше невообичаено полн со почит на прес-конференцијата пред УФЦ 246, каде што го прави долгоочекуваниот камбек во октагонот, но тоа не го сопре да предвиди нокаут против Доналд „Каубој“ Серон во сабота навечер во Лас Вегас.

Мекгрегор и Серон ја поделија главната сцена во „Палмс“ хотелот пред нивната пресметка, и иако Ирецот предвиде дека „ќе се пушти крв“, тој инсистираше дека тоа нема да биде „лоша крв“. Серон, инаку е УФЦ рекордер по бројот на мечеви, бројот на победи и бројот на нокаути.

„Тој ја има мојата почит. Иако ќе се пушти крв на 18 јануари, тоа нема да биде лоша крв. Ќе биде нокаут. Ми се допаѓа и тој е добро момче, но го читам како книга за деца, да бидеме искрени. Има некои трикови, но сите му ги знам. Подготвен сум за добра вечер“, изјави Мекгрегор.

Scroll to Top