Top Sport

„Мбапе нема да го напушти ПСЖ“

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, очекува Килијан Мбапе да го продолжи договорот со клубот. Младиот напаѓач има договор со ПСЖ до јуни наредната година. Тој одби неколку понуди да ја продолжи верноста кон клубот, негова желба е да го облече дресот на Реал Мадрид.

Килијан Мбапе, во летиот преоден рок, јасно стави до знаење дека сака да се пресели во Реал. ПСЖ одбија 200 милиони евра за неговиот трансфер. Доколку не го убедат да остане во ПСЖ, тогаш Мбпае наредното лето без обесштетување ќе замине од ПСЖ.

„Килијан е неверојатен играч. Ние формиравме неверојатен трилинг во нападот: Меси-Нејмар-Мбапе. Се надеваме дека овој трилинг ќе игра заедно повеќе од една година“, порачал Леонардо и дополнил.

„Мислам дека Килијан нема да го напушти клубот. Новиот договор? Тоа е нашиот приоритет“.

Леонардо е убеден дека Мбапе ќе остане во Париз.

„Што ако замине? Искрено, никогаш не сум размислувал на таа тема. Не го гледам сценарио според кое тој би заминал. Тоа не можеме да го замислиме“, рекол Бразилецот во емисијата на Канал+.

Мбапе е играч на ПСЖ од 2017 година.

Scroll to Top