Top Sport

Мбапе нема да игра против Лајпциг

Килијан Мбапе ќе го пропушти гостувањето на ПСЖ во Лајпциг. „Биковите“, утре ќе го пречекаат францускиот шампион во Лигата на шампионите.

ПСЖ, на својата интернет страница, потврдија дека поради болка во коленото, младиот напаѓач нема да патува со тимот во Германија. Мбапе, се повредил во саботата, на натпреварот со Нант во Лига 1.

За мечот со Лајпциг, тренерот Томас Тухел, на располагање има само еден напаѓач, Моисе Кеан.

Покрај Мбапе повредени се напаѓачите Нејмар и Мауро Икарди, како и фудбалерот од редот за врска Марко Верати.

Scroll to Top