Top Sport

Мбапе нема коронавирус

Водечкиот француски спортски медиум „Лекип“ објави дека резултатите од тестот на коронавирусот што го направил во вторникот Килијан Мбапе биле негативни.

Еден од највлијателните играчи во тимот на Пари Сен Жермен не тренира од понеделникот поради болест. Од претпазливост бил тестиран на коронавирусот, но резултатите биле негативни.

Сепак Мбапе веројатно ќе го пропушти вечерашниот осмина-финален реванш со Борисија Дортмунд во Лигата на шампионите.

Дуелот на „Паркот на Принцовите“ ќе се игра без публика. Првиот натпревар Борусија го доби со 2:1.

Scroll to Top