Top Sport

Мбапе одбил 700 милиони евра

Килијан Мбапе не сака кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија. Како што објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо, делегацијата на Ал Хилал, која во текот на денот допатува на преговори во Париз, останала со „кратки ракави“.

Мбапе не бил присутен на преговорите.

Мбапе го одбил Ал Хилал и покрај тоа што била понудена фиксна плата од 200 милиони евра и 100% од маркетинг правата.

Целиот пакет на Ал Хилал вреди повеќе од 700 милиони евра, но Мбапе воопшто не бил заинтересиран.

Во Пари Сен Жермен сметаат дека францускиот репрезентативец ја одбил понудата, бидејќи најверојатно ги договорил сите детали околу трансферот во Реал Мадрид.

Scroll to Top