Top Sport

Мбапе ова лето веќе кажа што мисли за Њукасл

Веста дека Саудиска Арабија влегува со огромен капитал во тимот на Њукасл предизвика еуфорија кај навивачите на клубот од северот на Англија, кои сметаат дека тие ќе бидат еден од големите „играчи“ на пазарот на играчи, борејќи се со клубови како Манчестер сити, Челси и Пари Сен-Жермен за најдобрите фудбалери на светот.

Една од шегите, која се појави, секако е можноста Килијан Мбапе наместо да го продолжи договорот со Пари Сен-Жермен или да направи трансфер од соништата во Реал Мадрид, да заврши како големо засилување на Њукасл. Иако ова засега изгледа далеку од реалноста, тоа не е првпат Мбапе да се поврзува со трансфер во Њукасл. Барем во умот на Антоан Гризман.

Пред Европското првенство, Мбапе беше дел од тимот на Гризман на популарната игра „Фудбал менаџер“, кој објасни дека го купил за 134 милиони евра, и дека со него доминирал во англиските и во европските натпреварувања. Тогаш одговорот на Мбапе беше интересен: „Њукасл, таму не е многу топло, нели?“.

Човечки е да се сонува…

Гризман го „купи“ Мбапе за 134 милиони евра за да го донесе во Њукасл

Scroll to Top