Top Sport

Гризман го „купи“ Мбапе за 134 милиони евра за да го донесе во Њукасл

Паузите на подготовките пред Европското првенство, француските репрезентативци очигледно ги користат да добијат менаџерско искуство, меѓутоа на славната компјутерска игра „Фудбал менаџер“.

Антоан Гризман е еден од љубителите на играта и му приреди шега на својот соиграч од репрезентацијата, Килијан Мбапе, велејќи му дека го купил за 134 милиони евра да игра, од сите можни клубови, во Њукасл јунајтед. Гризман се фалеше дека со Њукасл освоил пет трофеи, вклучувајќи ја и титулата од Лигата на шампионите. Мбапе не беше воодушевен.

„Њукасл? Таму не е баш топло, нели?“, одговори Мбапе.

Scroll to Top