Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе е избран за најдобар млад фудбалер во Франција од „Телефут“, победувајќи го Антони Марсијал и Максим Лопез за наградата.
За наградата одлучуваа две жирија – едно од експерти, кое го прогласи Мбапе како најдобар млад фудбалер, додека фановите одредија дека играчот од средниот ред на Марсеј, Максим Лопез е најдобриот талент на клубот по Самир Насри.
Мбапе собра најмногу вкупно поени, совладувајќи уште еден фудбалер од школата на Монако, Марсијал.
Мбапе беше клучен член на шампионскиот тим на Монако, кој исто така стигна до полуфиналето на Лигата на шампиони, постигнувајќи 15 гола во Лига 1. Тој во моментов е на заем во Пари Сен-Жермен, кои летово ќе треба да платат 160 милиони евра.
„Во Лигата на шампионите ја претставувал и Франција, бидејќи сме единствениот француски клубво натпреварувањето. Потоа, главната цел ќе биде Светското првенство, кое е остварување на сонот за секој играч“, изјави Мбапе.