Пари Сен Жермен загуби од Баерн Минхен со 0:1 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Кингсли Коман беше стрелец за баварскиот тим во 53.минута, а во финишот Килијан Мбапе постигна два гола, но и двата не беа признати поради офсајд позиција.
Сепак, тој е оптимист и покрај поразот, дека ПСЖ може да се пласира во следната рунда од елитното европско клупско натпреварување.
„Само да бидеме здрави, да јадеме и да спиеме добро. Мислам дека можеме да победиме во Минхен. Ако бидеме офанзивни како во финишот, тогаш сѐ е можно. Баерн покажа дека е ранлив во завршницата. Што се однесува до мене, го дадов максимумот, а реално не беше планирано ни да играм на овој натпревар. Јас сам инсистирав да помогнам, иако не беа такви советите на лекарскиот тим“, изјави Килијан Мбапе.