Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мабпе, прв пат прогоровил за желбата да го напушти клубот од „Паркот на принцовите“.
Сагата околу евентуалниот трансфер на Мбапе, траеше речиси цело лето, а се интензивираше во моментот кога Лионел Меси стана играч на ПСЖ.
Во интервју за „РМЦ спорт“, кое во целост ќе биде објавено во вторник, напаѓачот на ПСЖ, признал дека сакал да го напушти клубот во летниот преоден рок.
„Побарав да си одам, сакав клубот да заработи од мојот трансфер и да донесе квалитетна замена, бидејќи не не сакав да го продолжам договорот. Клубот многу ми даде, секогаш се чувствував среќен. И се уште сум среќен. Навреме им кажав дека сакам да си одам, за да можат да реагираат. Сакав од ова сите да излеземе посилни, да си подадеме рака, на крајот го почитував тоа. Им кажав, ако не сакате да замина, во ред е ќе останам“, рекол Мбапе.
22-годишниот напаѓач најчесто се поврзува со Реал Мадрид.