Top Sport

Мбапе се повреди, Анчелоти вели дека не е сериозно

Килијан Мбапе постигна гол во победата на Реал од 3:2 над Аталанта во Лигата на шампионите во 10. минута, а теренот го напушти во 35. минута поради повреда.

Французинот само седна на тревникот и беше јасно дека не може да продолжи. На негово место дојде Бразилецот Родриго, кој поради повреда ги пропушти претходните два натпревари поради повреда.

По натпреварот тренерот Карло Анчелоти откри каква е состојбата на францускиот напаѓач.

„Мислам дека тоа не е ништо сериозно што се однесува до Килијан. Едноставно станува збор за замор од премногу натпревари во последно време“, изјави италијанскиот стручњак.

Реал има огромни проблеми со повредите од почетокот на сезоната. Дани Карвахал Едер Милитао нема да играат до крајот на сезоната, додека не се знае кога ќе се вратат Едуардо Камавинга, Ферлан Менди и Давид Алаба.

Scroll to Top