Top Sport

Мбапе си ги бара парите од ПСЖ

Адвокатскиот тим на Килијан Мбапе тргна во напад во обид да го реши спорот меѓу фудбалерот и неговиот поранешен клуб, Пари Сен Жермен.

Францускиот напаѓач тврди дека ПСЖ му должи 55 милиони евра, а неговите адвокати истакнуваат дека побарале од судот во Париз да покрене постапка. Овој спор трае повеќе од една година, а Делфин Ферхејден, една од адвокатите, истакнува дека од францускиот министер за спорт било побарано да интервенира и правно да ја оспори одлуката на жалбената комисија на Француската фудбалска асоцијација, која одлучила дека жалбата на Мбапе е неприфатлива.

Верхејден додава дека ПСЖ, доколку го загуби спорот, може да остане без лиценцата за настап во Лигата на шампионите.

Минатиот октомври, апелациската комисија на француската лига ја потврди одлуката со која се наложува ПСЖ да ги исплати неисплатените плати на Мбапе.

Мбапе тврди дека клубот му должи три месечни плати и последната третина од бонусот за лојалност.

Да потсетиме, минатото лето тој во слободен трансфер се пресели во Реал Мадрид.

Мбапе е рекордер на клубот по бројот на постигнати голови (256) за седум години во Пари Сен Жермен.

Scroll to Top