Top Sport

Мбапе со хет-трик го „смачка“ Лион (видео)

Килијан Мбапе уште еднаш го покажа својот неверојатен талент, откако постигна хет-трик против Лион на гости за убедлива 5:1 победа и пласман во финалето на Францускиот куп.

Лион дојде во рано водство во 11. минута преку Терие, но само шест минути подоцна Мбапе ја врати рамнотежата на мечот.

Откако во 64. минута Лион остана со играч помалку по вториот жолт картон за Фернандо Марсал за играње со рака во шестнаесетникот, ПСЖ поведе преку Нејмар од пенал, по што во 70. минута, Мбапе постигна неверојатен гол, носејќи ја топката од својата половина до голот на Лион.

Пабло Сарабија во 82. минута зголеми на 4:1, пред Мбапе во 92. минута да го комплетира хет-трикот.

ПСЖ во финалето на Куп де Франс ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Сент-Етјен и Рен.

Scroll to Top