Top Sport

Мбапе со втор гол против Јуве, Халанд за водство на Сити кај Севилја

Јувентус не си поминуваат најдобро вечерва на „Паркот на принцовите“, откако Килијан Мбапе во 22. минута од мечот го постигна својот гол за 2:0 водство на Пари Сен-Жермен, додека во Шпанија, уште еден фантастичен голгетер, Ерлинг Халанд продолжи со головите за Манчестер сити, носејќи во 20. минута водство против Севилја.

Мбапе веќе во 6. минута успеа по фантастична акција да го совлада Перин, за во 22. минута, во уште една убаво изработена акција на ПСЖ да го удвои водството.

Scroll to Top