Top Sport

Мбапе: Уште еднаш ќе треба да се докажам на „Бернабеу“, ова не влијае на иднината

Килијан Мбапе вели дека немал проблем да се фокусира на својата работа со Пари Сен-Жермен и покрај шпекулациите за трансферот во Реал Мадрид, откако во 94. минута од возбудливата пресметка на „Паркот на принцовите“ го постигна одлучувачкиот гол за 1:0 победа во првиот меч од осминафиналето на ЛШ.

„Сакавме да бидеме подготвени за вакви големи мечеви. Сонуваме за вакво нешто, одевме на победа, за нашите навивачи. Во шестнаесетникот напаѓачот секогаш е во контрола. Одбранбениот играч мора да се повлече, а јас одлучувам каде ќе тргам. Како можам да го игнорирам контекстот на овој меч? Лесно, играш фудбал. Сите прашуваат премногу работи, ние кажуваме премногу работи. Но, тука се ПСЖ и Реал, два големи клуба. Јас сум играч на ПСЖ и среќен сум. Реков дека ќе го дадам максимумот и треба да го докажам тоа. Ова беше првпат, сега вторпат на ‘Бернабеу’“, вели Мбапе за „Канал плус“.

Тој потврди дека уште не донел одлука за тоа каде ќе игра следната сезона по крајот на договорот и покрај шпекулациите дека Реал веќе го имаат осигурано неговиот потпис.

„Не сум одлучил за иднината. Играм за Пари Сен-Жермен, еден од најдобрите клубови на светот. Овој меч нема да влијае на мојата иднина. Ќе го дадам максимумот, а потоа ќе размислуваме за иднината“, додаде Французинот.

 

Мајсторијата на Мбапе во 94. минута ги „казни“ Реал, Сити го „демолираа“ Спортинг

Scroll to Top