Килијан Мбапе го постигна првиот гол за Реал во новата сезона од Лигата на шампионите и даде голем придонес во триумфот против Интер (2:1) во првото коло од групната фаза на елитното европско натпреварување.
Голол што го постигна Мбапе беше неговиот 71-ви во Лигата на шампионите, со што на вечната листа се изедначи на петтото место со поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Шпанија, Раул Гонзалез.
Прв е сè уште Кристијано Роналдо со 141 гол, пред Лео Меси со 129. Третото место го зазема Роберт Левандовски со 109 голови во Лигата на шампионите, а на четвртото е Карим Бензема со 90.
Но, треба да се има предвид дека им се приближува и Ерлинг Халанд, кој беше двоен стрелец против Порто, во победата на Манчестер Сити од 2:0, со што стигна до бројката од 59 голови во Лигата на шампионите.
Foto/ EPA
