Top Sport

Мбапе вреди најмногу, Меси е на 22, а Роналдо на 70 место

Фудбалскиот институт за историја и статистика (ЦИЕС) се занимаваше со цените на фудбалерите. Очекувано цените на пазарот паднаа како последица на пандемијата што ја предизвика вирусот Ковид-19.

На листата што ја објави ЦИЕС само еден играч вреди преку 200 милиони евра, а над 100 милиони се проценети 22 фудбалери. Највозрасен фудбалер на оваа листа е Кристијано Роналдо.

Најскап играч во светот е Килијан Мбапе, според ЦИЕС тој вреди 259,2 милиони евра. Зад него е Рахим Стерлинг (194,7 милиони евра), а трет е уште еден Англичанец, Џејдон Санчо (179,1 милиони евра).

Следуваат Трент Алексдандер-Арнолд (170), Маркус Рашфорд (150), Мохамед Салах (145), Садио Мане (140), Антоан Гризман (136) и 19 годишната сензација од Баерн Минхен Алфонсо Дејвис. Овој Канаѓанец е проценет на 133 милиони евра.

Пред неколку месеци анонимниот Дејвис зад себе ги остави Хари Кејн, Роберто Фирмино, Бернардо Силва, Габриел Жесус, Жоао Феликс, Ерлинг Халанд, Серж Гнабри, Бруно Фернандеш, Матијас Де Лихт, Мејсон Маунт, Френки Де Јонг, Родри и Лионел Меси.

Аргентинецот е проценет на 100,1 милиони евра и е последен од фудбалерите што според ЦИЕС вреди повеќе од 100 милиони.

Кристијано Роналдо на оваа листа се наоѓа на 70. Според ЦИЕС Португалецот вреди 62,8 милиони евра.

Интересно е што далеку од првите 25 места се и Еден Азар, Роберт Левандовски, Кевин Де Брујне…

Комплетната листа на ЦИЕС.

Scroll to Top