Top Sport

Ајакс ќе го продаде Тимбер во Арсенал

Фудбалскиот клуб Арсенал е во преговори со Ајакс околу трансферот на дефанзивецот Јуриен Тимбер.

„Разговорите се „многу позитивни“ и се чини дека има волја од двете страни трансферот да се реализира“, објави денеска „Скај спорт“.

Тимбер има уште две години од договорот со Ајакс и се проценува дека вреди околу 50 милиони фунти. Некои медиуми објавија дека една понуда е веќе одбиена, бидејќи Арсенал го „испитал пулсот“ со почетнти 30 милиони.

За 22. годишниот холандски фудбалер, Арсенал покажа интерес и во јануари. Клубот од „Емирејтс“ изминатите години внимателно следи како напредува Тимбер. Арсенал со Тимбер сака да ја зголеми конкуренцијата во одбраната.

Исто така, Арсенал продолжува да работи на трансферите на Деклан Рајс од Вест Хем и напаѓачот на Челзи, Каи Хаверц.

Англиските медиуми денеска пишуваат дека Арсенал во текот на денот ќе испрати официјална понуда за Деклан Рајс. Понудата ќе биде таква што Вест Хем нема да може да ја одбие.

Наводно, Арсенал е подготвен да плати 100 милиони евра за англискиот репрезентативец.

Scroll to Top