Top Sport

Мбапе збесна: ПСЖ не е Килијан Сен Жермен!

Килијан Мбапе се спротистави на клупското раководство на ПСЖ со користење на неговите имиџ права за кампањата за продажба на сезонски билети за следната сезона.

„Во ниту еден момент не бев информиран за ова“, објави фудбалерот на својот Инстаграм профил, откако увиде дека е главна ѕвезда во промотивната кампања за која и не знаел.

„Ова изгледа како основно интервју за време на маркетинг ден за клубот. Не се согласувам со објавеното видео. Затоа се борам за правата на индивидуален имиџ. ПСЖ е голем клуб и големо семејство, но ова не е Килијан Сен Жермен“, истакна напаѓачот.

Мбапе е единствениот што зборува во промотивниот филм за кампањата за обновување на сезонските билети за сезоната 2023-2024, со оглед дека од другите големи ѕвезди на парижаните, Лионел Меси би можел да си замине по крајот на договорот во јуни, а повредениот Нејмар е отсутен.

„12-тиот играч е тој што ни дава дополнителна сила да ги водиме нашите битки“, вели Мпабе во клипот. „Да се ​​биде дел од Париз значи да се гордееш со тоа што си и да не заборавиш од каде доаѓаш“, додаде напаѓачот.

Пари Сен Жермен сѐ уште не одговорил на ставот на Килијан Мбапе. Фудбалерот одбива да учествува во реклами и за француската фудбалска репрезентација.

Scroll to Top