Top Sport

Мбапе: Зидан е Франција, мораме да го почитуваме

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе го критикуваше претседателот на Француската фудбалска федерација (ФФФ) Ноел ла Грае, кој изјави дека не го интересира каде ќе ја продолжи кариерата легендарниот тренер Зинедин Зидан, пренесуваат француските медиуми.

Ле Грае гостуваше во емисијата „Bartoli Time“ на Radio RMC Sport кај познатата француска тенисерка Марион Бартоли, каде објасни зошто ФФФ одлучиле Дидие Дешам да остане тренер на „триколорите“.

ФФФ неодамна го продолжи договорот со Дешам, кој ќе биде селектор на Франција до јуни 2026 година. Некои медиуми претходно најавуваа дека Зидан ќе биде нов тренер на „триколорите“, но лениците на ФФФ реши да ја продолжи соработката со Десан.

„Не би одговорил на неговиот телефонски повик, ако ми се јави. Што да му кажам? Имајте убав ден господине, не грижете се, барајте си друг клуб. Само што се договорив со Дидие”, изјави Ле Грае „РМЦ Спорт“.

На неодамнешното Светско првенство во Катар, „триколорите“ во финалето беа поразени од Аргентина по подобро изведување пенали. Килијан Мбапе се огласи на социјалните мрежи по коментарите на првиот човек на ФФФ.

Фудбалерот на Пари Сен Жермен и француски репрезентативец никогаш не криел дека Зинедин Зидан е неговиот идол. „Зидан е Франција. Не можеме да не почитуваме таква жива легенда“, напиша Мбапе на својот Твитер профил.

Scroll to Top