Top Sport

„Ме фрлија во ѓубре“

Шпанците изборија пласман на ЕУРО 2020 и во истиот момент го сменија Роберто Морено. На клупата на „црвената фурија“ се враќа Луис Енрике.

Морено му беше асистент на Луис Енрике, кој во јуни се повлече од функцијата поради болеста на својата ќерка, која почина во септември.

Шпанија во понеделникот ја победи Романија 5:0, а веднаш по мечот претседателот на Сојузот, Луис Рубијалес му соопштил на Морено дека нема повеќе да биде селектор.

Морено потоа во солзи го напуштил стадионот „Ванда Метрополитано“.

„Ме фрлија, ме фрлија во ѓубре. Ме фрлија во ѓубре…“, викал Морено плачејќи, објави „Марка“.

Scroll to Top