Top Sport

Вујовиќ збесна на тајм-аут (Видео)

Еден е од најдобрите играчи во историјата на ракометот, миленик на навивачите на Вардар, тренер со нескротлив темперамент. Тоа е Веселин Вујовиќ актуелен тренер на ППД Загреб и селектор на Словенија.

„Вујо мајсторе“ како што му пееја навивачите на Вардар, уште еднаш го демонстрираше својот незгоден карактер.

На натпреварот во СЕХА-лигата во Белорусија, ППД Загреб гостуваа кај Мешков Брест. Мечот заврши со резултат 33:29, а ќе се памети по еден тајм-аут што го одржа Вујовиќ.

„Умри да ти е..м животот. Умри да не те гледам“, му се обратил Вујовиќ на својот играч Марко Паниќ.

Scroll to Top