Top Sport

Меч на сезоната за ПСЖ, Тотенхем мора да го победи Интер

Вечерва со натпреварите во групите А, Б, Ц и Д ќе биде комплетирано петтото коло во Лигата на шампионите. Програмата ќе ја отворат натпреварите Атлетико Мадрид-Монако и Локомотив Москва-Галатасарај од 18:55 часот. Во стандардниот термин од 21 часот во центарот на вниманието ќе бидат натпреварите Тотенхем-Интер и ПСЖ-Ливерпул.

Во пресрет на претпоследното коло во овие групи, пласман во нокаут фазата има обезбедено само Барселона. Блиску до наредната фаза се Борусија и Атлетико од А-групата, односно Порто и Шалке од Д-групата.

За останатите места се води голема борба, а најголема неизвесност владее во Ц-групата. Засега сите тимови имаат шанси да освојат билет за осмина-финалето.

Токму поради тоа од исклучително значење е натпреварот што ќе се игра во Париз, помеѓу ПСЖ и Ливерпул. ПСЖ, тим што за двајца играчи потроши 400 милиони евра, доколку си дозволи пораз од Ливерпул и во исто време Наполи ја совлада Црвена ѕвезда, ќе испадне од Лигата на шампионите и пред одигрувањето на последното коло.

Во Лондон, во Б-групата, Тотенхем ќе брка победа против Интер, бидејќи само со три бода ќе ги задржи шансите за пласман понатаму. Секој друг исход ќе го промовира Интер во осмина-финалист.

Група А:

18.55 Атлетико Мадрид-Монако
21.00 Борусија Дортмунд-Бриж

Табела: Борусија 9, Атлетико 9, Бриж 4, Монако 1

Група Б:

21.00 ПСВ Ајндховен-Барселона
21.00 Тотенхем-Интер

Табела: Барселона 10, Интер 7, Тотенхем 4, ПСВ 1

Група Ц:

21.00 Наполи-Црвена ѕвезда
21.00 ПСЖ-Ливерпул

Табела: Ливерпул 6, Наполи 6, ПСЖ 5, Црвена ѕвезда 4

Група Д:

18.55 Локомотив Москва-Галатасарај
21.00 Порто-Шалке

табела: Порто 10, Шалке 8, Галатасарај 4, Локомотив 0

Scroll to Top