Top Sport

За УЕФА и ВАДА „случајот Рамос“ не постои

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, нема да се соочи со никаква казна, поради наводите дека бил позитивен на допинг тестот што му бил направен во 2017 година, по завршувањето на финалниот меч во Лигата на шампионите.

Минатата недела, германскиот весник „Шпигл“, повикувајќи се на „Фудбал Ликс“, објави дека Рамос паднал на допинг тесто по триумфот на Реал над Јувентус (4:1), во Кардиф.

Серхио Рамос бил позитивен на забранетата супстанца дексометазон, а како што објави „ЕСПН“, капитенот на Реал нема да се соочи со истрага или со евентуална казна.

Овој медиум, повикувајќи се на свои извори во УЕФА и Светската анти-допинг агенција (ВАДА), објави дека во овие две тела сметале дека станува збор за административна грешка.

Ова значи дека УЕФА и ВАДА го прифатиле објаснувањето на Реал дека клупскиот доктор ја направил грешката, што не пријавил дека Рамос го употребува забранетиот лек.

Исто така, мерки против Рамос нема да преземат ниту Ла Лига и Фудбалскиот сојуз ан Шпанија бидејќи како што рекле „шпанската анти-допинг агенција немала доказ дека бил направен прекршок“.

Scroll to Top