Top Sport

Мечот Арсенал-ПСВ одложен поради недостаток на полицајци во Лондон

Мечот на Арсенал против ПСВ Ајндховен од Лига Европа, кој требаше да се игра во четврток навечер е одложен, потврди УЕФА, откако британската престолнина се соочува со недостаток на „слободни“ полицајци поради погребот на кралицата Елизабета Втора, кој ќе се оддржи во понеделник.

Објавата на УЕФА потврдува дека мечот е одложен поради „големи ограничувања на полициските ресурси“, а британските медиуми тврдат дека е неизвесно и оддржувањето на мечот Брентфорд-Арсенал закажан за во недела. Ако и тој меч биде одложен, тоа ќе значи дека „топчиите“, чиј последен меч беше на 4 септември против Манчестер јунајтед, нема да играат до дербито на северен Лондон против Тотенхем на 1 октомври.

Scroll to Top