Top Sport

Мечот Македонија ЃП – ЦСКА Софија дефинитивно ќе се игра во Скопје

Натпреварот меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА дефинитивно ќе се игра во Скопје. Ова го потврди македонскиот клуб Македонија ЃП.

Иако постоеја информации дека УЕФА би можела да го премести мечот во Струмица, па дури и надвор од Македонија – во Ниш, сепак, мечот официјално е закажан и ќе се одигра в четврток, на комплексот „Петар Милошевски“ при ФФМ, со почеток во 17.30 часот.

Scroll to Top