Top Sport

Медина: Меси ќе го гушнам, а Мбапе ќе го изнесат во амбулантно возило

Аргентинскиот дефанзивец на Ленс, Факундо Медина му прати застрашувачка закана на Килијан Мбапе пред клучниот меч од француската Лига 1 против Пари Сен-Жермен. 23-годишниот Медина во интервју за „Сон авионес“ јутјуб каналот зборуваше за мечот кој може да биде одлучувачки во битката за титулата.

„Ако Меси ме помине следната недела, ќе го грабнам за дресот или ќе го гушнам. Ќе го гушнам за Светското првенство. Ако Мбапе ме помине, ќе го изнесат во амбулантно возило“, изјави Аргентинецот.

По 30 меча, ПСЖ имаат 69 поени и шест поени предност пред второпласираните Ленс, но фаворитот има лоша форма со два порази во низа во лигата на домашен терен против Рен и Лион. Мечот со Ленс се игра на 15 април.

Scroll to Top