Top Sport

Морати: Интер сега ќе тргнат по Меси

Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати е сигурен дека неговиот поранешен клуб ќе направи обид да го донесе Лионел Меси од Барселона и додава дека клубот треба да е задоволен од деби-сезоната на Антонио Конте, кој мора да остане на клупата.

По шпекулациите дека Меси веќе им соопштил на првите луѓе на Барса дека повеќе е надвор отколку во клубот, се верува дека Интер се неговата најдобра опција.

„Можам да замислам дека Интер веќе се обиделе. Ја видов рекламата на Сунинг која ја искористи сенката на Меси на Дуомо во Милано и мислам дека веќе презеле иницијатива. Ако тоа веќе не се случило, ќе се случи наскоро. Тоа е тешко остварлив економски проект, но најголемата пречка е да се обезбеди тоа што го сака Меси“, вели Морати во интервју за шпанскиот весник „АС“.

Тој исто така е задоволен од работата на Конте, и покрај тоа што тренерот утре е на состанок со управата на клубот и италијанските медиуми очекуваат дека ќе си замине.

„Интер беа во одлична форма во Лига Европа, но Севилја имаат голема традиција во тоа натпреварување и тоа е важно. Зависи што ќе реши Конте со претседателот, но никој не може да се сомнева во неговите квалитети“, додава Морати.

Scroll to Top