Top Sport

Медисон нема да игра на ЕП

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт отпиша еден фудбалер од поширокиот список за ЕП во Германија.

Иако се очекуваше дека Саутгејт листата од 33 фудбалери ќе ја скрати по мечот со Исланд, во петок, тој веќе решил да му се заблагодари на еден фудблер.

Вишок во репрезентацијата на Англија е 27-годишниот играч за врска на Тотенхем, Џејмс Медисон.

Медисон влезе како замена во победата од 3:0 над Босна и Херцеговина во Њукасл во вторникот.

Сепак, се покажа дека тој е првиот од седумте играчи за кои нема да има место на ЕП.

Медисон одигра седум натпревари за Англија и беше дел од тимот на Саутгејт за Светското првенство во Катар 2022 година, иако не настапи на ниту еден натпревар.

Минатото лето тој се пресели од Лестер во Тотенхем за речиси 50 милиони евра, но немаше континуитет на натпревари во текот на сезоната поради повреда.

Scroll to Top