Top Sport

Мега пресврт, Нико Вилијамс го продолжи договорот со Атлетик Билбао

Атлетик Билбао објави голема вест на социјалните мрежи. Крилниот напаѓач Нико Вилијамс го продолжи договорот со клубот. 22-годишникот потпишал договор кој трае до 2035 година, а клубот исто така потенцира дека клаузулата за откуп на договорот е зголемена „за повеќе од 50%.“

Досега, таа изнесуваше 60 милиони евра, со новиот договор таа е зголемена на над 90 милиони.

Оваа вест доаѓа како големо изненадување бидејќи е познато дека Вилијамс преговараше со Барселона со месеци, а локалните медиуми го сметаа трансферот за завршен и договорен.

Блауграна останува без најголемиот трансфер оваа сезона и ќе мора да бара нови опции.

„Нико Вилијамс и Барселона се договорија за сите детали. Фудбалерот на Атлетик Билбао ќе потпише шестгодишен договор за новиот клуб со нето плата помеѓу седум и осум милиони евра по сезона. Барселона моментално преговара со Атлетик за финансиските услови за да го комплетира трансферот“, објави Фабрицио Романо пред две недели.

Иако млад, Вилијамс веќе одигра 167 натпревари за Атлетик, постигна 31 гол и забележа 30 асистенции.

Foto/ EPA-EFE/RONALD WITTEK

Scroll to Top