Манчестер Јунајтед, претпладнево потврди дека му го продолжиле договорот на Хари Мегваер за уште една сезона, со можност за продолжување за уште една година.
Хари Мегваер игра добро откако Рубена Аморим беше заменет од Мајкл Карик во Јунајтед. Добрата форма му овозможи да се врати во англиската репрезентација.
Договорот на 33-годишниот Мегваер со „Црвените ѓаволи“ истекува на крајот од оваа сезона, а клубот сега потврди дека е договорена соработка за уште една сезона, со можност за продолжување за уште една година.
„Играњето за Манчестер Јунајтед е најголема чест. Тоа е одговорност што мене и моето семејство не прави горди секој ден.
Воодушевен сум што моето патување во овој неверојатен клуб ќе трае најмалку осум сезони.
Потенцијалот и амбицијата се гледаат во овој тим. Решителноста на целиот клуб да се бори за најголемите трофеи е јасна за сите, јасно ни е дека најдобрите работи се пред нас“, рече Мегваер.
Foto/ Depositphotos
