Top Sport

Мегваер објасни зошто ги одбил Манчестер сити

Капитенот на Манчестер јунајтед, Хери Мегваер објасни зошто се решил да ја прифати понудата од „ѓаволите“ во 2019 година, кога направи рекорден трансфер од 80 милиони фунти од Лестер, наместо да ја отиде кај градските ривали, Манчестер сити.

Мегваер признава дека двата клуба биле заинтересирани, но дека постојано негов прв избор бил клубот од „Олд Трафорд“.

„Зборував и со Манчестер сити и со Манчестер јунајтед, но без да покажам непочитување кон Сити, пораснав гледајќи многу повеќе натпревари на ‘Олд Трафорд’ како најголем клуб на светот и срцето ми велеше дека тоа е вистински изборив. Зборував со Пеп и за фудбалот кој го играат и што направи тој, и имам голема почит, но изборот секогаш беше Манчестер јунајтед. Добив самодоверба од тоа што повеќе од една година ме следеа и ме убедуваа и мислев дека можам да станам голем дел од тимот“, изјави Мегваер.

Scroll to Top