Top Sport

Мегваер одбива да замине од Манчестер јунајтед

Хери Мегваер не планира да си замине од Манчестер јунајтед ова лето и покрај тоа што во изминатата сезона ретко беше во стартниот тим на Ерик Тен Хаг, и најавите за купување на Кореецот Ким Мин-Џеј од Наполи, тврдат британските медиуми.

Англискиот репрезнтативец остана капитен на тимот, но имаше само осум старта за „ѓаволите“ во Премиерлигата и вкупно 16 настапи, а за него веќе покажаа интерес Астон вила и Њукасл. Сепак, тој не планира да си замине со уште две годидни од неговиот договор, со желба да се бори за место во стартниот тим.

Оваа одлука доаѓа иако англискиот селектор Герет Саутгејт го предупреди Мегваер дека е потребно да биде стандарден за да остане дел од неговите планови за Европското првенство во 2024.

Scroll to Top