Top Sport

Тухел подготвил список на десетмина „отпишани“ во Баерн

Баерн Минхен стравуваше за шампионската титула до последните минути од последното коло во Бундеслигата. За среќа на Баварците, Борусија Дортмунд прокоцка добитна комбинација, не победи дома и тоа им го донесе првото место. Веднаш по ова си заминаа поранешниот директор Оливер Кан и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

Но, тоа беше само почеток. Се чини дека голем број играчи ќе го напуштат клубот ова лето.

Жоао Кансело сигурно нема да остане во клубот. Се враќа во Манчестер Сити од каде дојде на позајмица. Лукас Ернандез е цел на ПСЖ и сѐ поизвесно е дека ќе замине во родната Франција. Лирој Сане и Садио Мане беа вмешани во инцидент на крајот на сезоната во кој Мане со тупаница му ја ракрвави усната на Сане. Затоа нивната судбина во клубот е под знак прашалник.

Освен овие четворица, на листа на „отпишани“ на Томас Тухел има уште шестмина играчи.

Фудбалерите од средниот ред Горецка и Сабицер се уште се неизвесни, исто како и крилниот напаѓач Серж Гнабри. Ќе заминат и голманите Нубел и Зомер.

Десеттиот „отпишан“ е Бењамин Павар, кој исто така е голема желба на ПСЖ.

Scroll to Top