Top Sport

Мегваер пред позајмица во Вест хем пред продажба во текот на летото

Манчестер јунајтед прифатиле дека е време да се разделат со својот капитен Хери Мегваер и да го продадат во текот на летниот преоден рок, со прв чекор позајмица во Вест хем, кои се заинтересирани за него, тврди „Мирор“.

Вест хем, кои имаат неочекувано лоша форма оваа сезона сакаат да ја засилат одбраната и Мегваер е прва опција како позајмен фудбалер, додека на „Олд Трафорд“ прифаќаат дека мораат да го продадат Англичанецот со голема загуба, бидејќи нема шанси да ја достигнат сумата од 80 милиони фунти кои ја платија на Лестер во 2019.

Откако Ерик Тен Хаг реши да го „ротира“ и Лук Шо на позицијата на централен бек, повторно оставајќи го Мегваер на клупата, и самиот дефанзивец е свесен дека неговото време на „Олд Трафорд“ привршува.

Scroll to Top