Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Герет Саутгејт вчера го објави конечниот список на играчи на кои смета за Европското првенство кое за една недела започнува во Германија.
На списокот го нема дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, кој во последните години е стандарден во националниот тим. Мегваер не е целосно рехабилитиран по повредата на потколеницата.
Откако отпадна од списокот, Мегваер се огласи на социјалните мрежи.
„Скршен сум што не сум избран за ЕП… И покрај сите мои напори, не успеав да закрепнам од повредата на потколеницата. Можеби премногу се фокусирав за да успеам. Едноставно сум уништен. За мене претставувањето на Англија е најголема чест, ми значи се. Ако не можам да помогнам како играч, ќе бидам нивен најголем навивач, заедно со остатокот од земјата. Одете и освоите ја титулата момци“, напиша разочараниот Мегваер.