Top Sport

Мегваер со луд рекорд – не пропуштил минута во 71 меч во Премиер лигата!

Капитенот на Манчестер јунајтед, Хери Мегваер го израмни рекордот на клубот со тоа што од пристигнувањето од Лестер во 2019 година, не пропушти ниту една минута во 71 меч во Премиер лигата за „ѓаволите“.

28-годишниот англиски репрезентативец го одигра целиот меч при 0:0 ремито со Лидс јунајтед, со што ги има стартувано и завршено сите мечеви за „ѓаволите“, израмнувајќи го рекордот на Гери Палистер, кој од ноември 1993 до мај 1995 година одигра 71 меч без да пропушти минута. Единствена разлика е што во тој период, Јунајтед двапати ја освоија Премиер лигата.

Следен меч на Јунајтед е првото полуфинале од Лига Европа со Рома во четврток, по што во текот на викендот играат со Ливерпул во Премиер лигата.

Scroll to Top