Новиот дефанзивец на Манчестер јунајтед Хери Мегвајр вели дека на „ѓаволите“ им е потребен „квалитет во последната третина“, бидејќи напаѓачите прават малку за да помогнат на тие кои во одбраната имаат задача да се справат со противничките напаѓачи.
„Ѓаволите“ во претходното коло загубија со 1:0 од Бурнемаут, резултат кој не изненади многумина, откако од септември во Премиер лигата Јунајтед постигнал само 6 гола. Мегвајр, кој дојде за рекордни 80 милиони фунти од Лестер во текот на летото, бара повеќе квалитет.
„Не беше лош натпревар, но ни недостасуваше квалитет. Тие имаа неколку шанси и добро се справивме со нив и ги туркавме напред, но мораме да покажеме повеќе квалитет во последната третина. Им дадовме неколку одлични позиции на напаѓачите, поминавме низ нивните линии, така што мора да покажеме малку квалитет во нападот. Имавме четири меча во 11 дена, и нормално беше да биде тешко, но бевме физички и психички добри. Мораме да ја заддржиме главата долу и да се подготвиме за мечот од Лига Европа“, вели Мегвајр.