Top Sport

Наполи на „казнен тренинг“, Анчелоти не се согласува

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти не се согласува со одлуката на газдата на клубот Аурелио де Лаурентис да го постави клубот во „ритиро“, италијанска фраза за казнен тренинг и изолација, пред дуелот со Салцбург во Лигата на шампионите.

Казнениот тренинг доаѓа по поразот на Наполи од 2:1 од Рома, со што кулминираше лошата низа на клубот од јужна Италија, кој последните две сезони беше на второто место во Сериј А.

„Имаме меч со кој можеме да се квалификуваме од групната фаза во Лигата на шампиони, но нема да биде лесно. Видовме колку беше тешко е да се победи во Салцбург. Јас не се согласувам со одлуката која беше направена од клубот, но тренерот мора да биде тренер. Претседателот ми се јави да ми посака добра среќа. Ништо не е сменето, а за формата на клубот сите сме загрижени“, вели Анчелоти.

Наполи се на шестото место во Серија А, и популарниот „Карлето“ признава дека и тој е загрижен.

„Ќе лажам да кажам дека не сум загрижен. Но, мораме да бидеме смирени и да останеме со студени глави и да се обидеме да ја подобриме ситуацијата“, додава Анчелоти.

Scroll to Top