Манчестер јунајтед ќе го дочека Божиќ со заостанување од 13 поени зад своите градски ривали Манчестер сити, откако Лестер сити со десет играчи успеа да „грабне“ поен со 2:2 ремито во 94. минута од мечот.
Хуан Мата постигна два гола за да ја поништи раната предност на Лестер сити и Манчестер јунајтед да стигнат до 2:1 водство до финишот на натпреварот Џејми Варди ги донесе домаќините на водство на „Кингс пауер“ стадионот, откако доби фантастична топка од Ријад Марез во 27. минута за да создаде проблеми за тимот на Жозе Мурињо, но Мата врати во 40-тата минута од натпреварот постигнувајќи гол во една мешаница пред голот на Шмахјел.
Во второто полувреме, Мата го постигна својот втор гол во 60. минута од натпреварот со гол од слободен удар, по што работата на Јунајтед беше олесната со црвениот картон на Даниел Амарти во 73. минута. Но, тогаш на дело стапи Хери Мегвајр, кој во 94. минута успеа да ја измами одбраната на Јунајтед за Лестер да останат непоразени.