Top Sport

Мегвајр му одговори на Рој Кин: Немаме никакви проблеми!

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегвајр одговори на критиките што до него ги упати легендата на „црвените ѓаволи“, Рој Кин.

„Во таа екипа нема лидер и јас таму не гледам ниту еден играч со кого би тргнал во војна, кому би му верувал. Тоа е голем проблем“ рече Ирецот по поразот на Јунајтед од Арсенал на „Олд Трафорд“ со 1-0.

Актуелниот капитен на „ѓаволите“ на легендарниот фудбалер на Манчестер кој одигра 469 меча за тимот му одговори дека нема никакви проблеми во екипата.

„Ние не дозволуваме негативност во соблекувалната, гледаме само напред и тоа е позитивно. Што се однесува за лидер, би рекол дека во екипата има неколкумина. Јас сум капитен, а квалитетни водачи имам околу себе и надвор од него. Немаме ние никакви проблеми со тоа“ – вели Мегвајр.

Scroll to Top