Пред стартот на новото натпреварување на УЕФА, Лигата на нации, англискиот дефанзивец Хери Мегвајр јавно призна дека нема поим за што се работи!
„Трите лава“ во сабота го почнуваат натпреварувањето со дуел со Шпанија, и одбранбениот фудбалер на Лестер, признава дека повеќето фудбалери се „збунети“ околу тоа што значи ова натпреварување и покрај обидите на селекторот Герет Саутгејт да им помогне.
„Навистина е збунувачки за нас, мислам дека и за вас новинарите, нели? Шефот се обиде да ни објасни на најдобар начин и мислам дека тој разибра многу повеќе. За нас, важно е да одиме во секој натпревар на победа и да видиме каде ќе не однесе тоа. Ќе видиме по натпреварот. Да ги победиме Шпанија и Хрватска, нели?“, вели Мегвајр.
Лигата на нации на УЕФА е малку компликувана, но обидот е да се исфрлат бескорисните натпревари и репрезентациите да играат со релативно исти противници по сила. Така Англија ќе игра со Шпанија на пример, а македонската репрезентација со Гибралтар!