Top Sport

Жоржињо: Ми фали сонцето, храната и топлината на луѓето од Италија

Новото засилување на средниот ред на Челси, Жоржињо вели дека ужива во својот нов клуб, но дека му недостасува „сонцето, храната и топлината на луѓето во Неапол“.

Италијанскиот репрезентативец го „следеше“ својот тренер Маурицио Сари на „Стемфорд бриџ“ и досега импресионираше во Премиер лигата, откако во четири кола има комплетирано најмногу додавања досега.

„Трансферот во Челси беше избор кој беше направен од две страни. Се согласивме за мое добро и за доброто на двата клуба. Сари беше важен за мене, ги има навиките кои ми одговараат, но резултатите засега се добри. Разликата меѓу Премиер лигата и Серија А? Морате да го искусите тоа за да дознаете. Челси има тренинг центар со 38 фудбалски терени и тоа кажува многу. Серија А е прекрасна и возбудлива лига, но има разлика во ритамот и физичката игра. Се игра убав фудбал. Но, Неапол навистина ми недостасува. Сонцето, храната, моите пријатели и топлината на луѓето“, изјави Жоржињо на прес-конференцијата на италијанската репрезентација во Коверчијано.

Италија почнува во Лигата на нации против Полска во Болоња в петок.

„Не заслужуваме да бидеме таму каде што сме и мораме да се вратиме на победите. Џорџо Кјелини се врати и тој е нашиот капитен, некој кој треба да го пренесе искуството. Сите го слушаат и тој е клучен за младите фудбалери“, вели Жоржињо.

Scroll to Top