Top Sport

Меину во Јунајтед до 2031

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Коби Меину (21), потпиша нов договор со клубот до 2031 година, со што завршија месеците неизвесност околу неговата иднина.

Англискиот репрезентативец имаше претходен договор до 2027 година, со можност за продолжување, но клубот и играчот се одлучија за нова, долгорочна соработка.

Меину е продукт на младинската академија на клубот, а се проби во првиот тим во 2023 година. Во еден период од оваа сезона, имаше помала минутажа, што доведе до негово барање да оди на позајмица во зимскиот преоден рок, но раководството одби, нагласувајќи дека сметаат на него во иднина.

Промената на клупата на почетокот на годината влијаеше и на неговиот статус во тимот. Оттогаш, тој е редовен во составот, пропуштајќи само еден лигашки натпревар поради повреда, и има вкупно 26 настапи во сите натпреварувања.

Заедно со поголемата улога во клубот, Меину се врати и во репрезентацијата на Англија, каде што повторно доби шанса на пријателските натпревари во текот на претходниот месец.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');