Лидерот во Серија А, Милан, го заврши трансферот на Суалио Меите, а до крајот на денот треба да го потпише и Фикајо Томори. Овие двајца фудбалери до крајот на сезоната ќе играат како позајмени играчи од Торино, односно Челси. Зимскиот преоден рок, Милан, ќе го заврши со потписот на Марио Манџукиќ.
Милан за Меите ќе му плати на Торино 1.000.000 евра, а по завршувањето на сезоната ќе може да го откупат неговиот договор за 7.000.000 евра.
Томори, со доаѓањето на Тијаго Силва, стана вишок во Челси. Интерес за него покажаа неколку екипи од Премиер лигата, но тој решил да ја прифати понудата од Милано. Милан договорил 18-месечна позајмица, а по истекот на истата за 26.000.000 евра ќе може да го откупи неговиот договор од Челси.
Манџукиќ, кој една година е без клуб, договорил плата од 1.800.000 евра по сезона. Тој ќе го потпише договорот откако ќе ги мине лекарските прегледи.