Top Sport

Мејсон Гринвуд ослободен од сите обвиненија

Една година по апсењето, фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд е oслободен од сите обвиненија против него. На 30 јануари 2022 година, напаѓачот беше уапсен и подоцна обвинет за обид за силување, како и напад со нанесување телесни повреди и контролирано и принудно однесување кон неговата поранешна девојка.

Првично беше ослободен со кауција, а потоа и задржан во притвор, но повторно беше ослободен во очекување на судењето, кое требаше да започне до 27 ноември 2023 година.

Денеска, сепак, полицијата објави дека Гринвуд повеќе не е обвинето лице.

„Во овој случај постои комбинација на повлекување на клучните сведоци и набавка на нов материјал, врз основа на кој веќе не постои реална можност за осуда“, се вели во официјалното полициско соопштение. „Под овие околности, наша должност е да го затвориме случајот. Ја оправдавме нашата одлука пред сите страни“.

По притворот, Манчестер Јунајтед се огради од него и не му дозволи да тренира со тимот. Неговиот последен натпревар за тимот беше на 22 јануари 2022 година.

Scroll to Top