Фановите на Њукасл јунајтед одамна не се радувале на некој поголем успех, но тоа не му пречи на боксерската легенда Флојд Мејведер Јуниор да покаже интерес да го откупи клубот доколку постои шанса.
„Во САД ние го викаме тоа сокер, но фудбалскиот клуб Њукасл се неверојатен тим. Ѓаволски тим. Ако луѓето сакаат да го купам тимот, нека ми кажат“, одговори Мејведер кога беше прашан при гостување во Њукасл, јавува „ТМЗ“.
Иако малкумина оваа изјава на 43-годишната легенда на спортот ќе ја сфатат сериозно, навивачите на „мегпајс“ сигурно повеќе би го сакале него како сопственик, отколку сегашниот Мајк Ешли, против кого имаше голем број на протести.
55-годишниот Ешли подолго време сака да најде купувач за клубот, но сите досегашни преговори пропаднаа. Под негово водство, тимот двапати испадна во Чемпионшип, а оваа сезона се на 13. место во Премиер лигата и осум поени од безбедната зона, а играат и во четврт-финалето на ФА купот против Манчестер сити.