Top Sport

Фернандеш стана миленик на „ѓаволите“ откако го „замолче“ Пеп! (видео)

Трансферот на Бруно Фернандеш во Манчестер јунајтед се исплатеше, сметаат навивачите на „ѓаволите“, откако при 2:0 победата над „бучните соседи“ Манчестер сити Португалецот беше забележан како го замолчува Пеп Гвардиола.

Португалецот даде печат на играта на Јунајтед по трансферот од Спортинг Лисабон во јануари, откако доби големи пофалби од соиграчите и од новинарите за неговите лидерски квалитети, но уште повеќе за навивачите значеше потегот кон Гвардиола во неделата на „Олд Трафорд“. Покрај ова, тука е и наградата за најдобар играч во Премиер лигата за февруари.

При пауза во играта, Гвардиола ја фрли топката подалеку од Фернандеш и размени неколку зборови со Португалецот, кој одговори со прст на устата и потоа со гест кон земјата, порачувајќи му на менаџерот на Сити да биде „мирен“.

Реакцијата на навивачите на Јунајтед на социјалните мрежи беше јасна – Бруно може да стане миленик по само неколку мечеви во црвениот дрес.

Scroll to Top