Аргентинскиот играч за врска Алексис Мекалистер е првото засилување на Ливерпул во летниот преоден рок, објавено клубот во четвртокот.
Освојувачот на светската титула со Аргентина пристигнува од Брајтон, каде што ја одигра најдобрата сезона во кариерата и со 12 гола му помогна на тимот да стигне до историски пласман на европската сцена.
Трансферот е вреден 35 милиони фунти. Доколку бидат исполнети клаузулите во договорот трансферот може да изнесува и цели 55 милиони фунти.
Мекалистер потпиша пет годишен договор.
Овој фудбалер има 28 години, а во Англија пристигна во 2019 година од Аргентинос јуниорс.
Ливерпул следната сезона ќе игра во Лига Европа, исто како и неговиот досегашен тим.
#VamosAlexis 😁 pic.twitter.com/KsJSlW2D2p
— Liverpool FC (@LFC) June 8, 2023