Top Sport

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го победи Виљареал со 4:3 во третото коло од Лигата на шампионите. Аргентинецот, Алексис Мекалистер беше двоен стрелец и одигра одличен натпревар.

Мекалистер имаше интересна презентација по натпреварот, а вниманието го привлече фактот дека ги спореди настаните од минатата сезона и од почетокот на оваа сезона, јасно алудирајќи на доаѓањето на новиот тренер Андони Ираола и заминувањето на Арне Слот.

„Минатата година беше навистина тешка за сите нас. Беше јасно дека не бев на мое ниво и ќе бидам првиот што ќе го признае тоа. Нешто во тимот не функционираше како што требаше и новиот тренер го промени тоа. Начинот на кој играме е различен, не сакам да споредувам, но се чувствувам добро“, рече Мекалистер.

Тој истакна дека новата тактичка идеја на Ираола им ја олеснила работата на играчите многу.

„Сега е повеќе систем човек-на-човек. Мора помалку да комуницирате. Минатата година повеќе игравме зона. Ги сакам двата системи. Во националниот тим играме зона и тоа функционира. Станува збор за тоа како ние преземаме одговорност, но ова е една од промените. Сега е полесно, мислите помалку и трчате повеќе“, рече Мекалистер, а потоа продолжи да го фали Ираола…

„Од првиот ден почнав да ги гледам промените. Тој е одличен човек, како и целиот тренерски персонал. Одиме во вистинската насока, но мора да продолжиме да работиме и да дадеме се од себе. Се надевам дека можеме да освоиме некои трофеи“, заклучи Мекалистер.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');